Овче Поле падна во Велес кај Бисинов Фруит Ленд

Екипата на Бисинов Фруит Ленд забележа победа против Овче Поле со минимални 26-25 во натпревар од Првата лига.

Во првото полувреме двете екипи играа гол за гол, но на полувреме водството го презеде Овче Поле со минимални 15-14. Во второто полувреме беше исто како во првото полувреме, но на крај Бисинов Фруит Ленд успеа да забележи победа против Овче Поле.

Најефикасен кај екипата на Бисинов Фруит Ленд беше Александар Ристовски со шест погодоци, додека кај екипата на Овче Поле најефикасен беше Игор Павловски со пет погодоци.

(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.