Екипата на Овче Поле ја совлада екипата на Кичево 2020 со резултат 25-19 во натпревар од 2. коло од плеј-аутот од Првата лига.
Составот на Овче Поле во текот на целиот натпревар беше во водство, па така стигна до победа против Кичево 2020.
Најефикасни во тимот на Овче Поле беа Димитрија Крстев, Кирил Буровски и Стојанче Ристов со по шест гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Стефан Стефаноски исто така со шест гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷