Овче Поле подобар од тимот на Преспа Вардар

Екипата на Овче Поле, која на гостувањето во Ресен, кај тимот на Преспа Вардар настапи со десет ракометари забележа победа со 29-22 во плеј-аутот од Првата лига.

Тимот на Овче Поле од Свети Николе од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Преспа Вардар.

Најефикасен во редовите на Овче Поле беше Димитрија Крстев со девет гола, додека кај екипата на Преспа Вардар најефикасен беше Александар Филиповски со пет гола.

(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.