Овче Поле се избори за нерешено против Текстилец

Екипата на Овче Поле се избори за нерешено против Текстилец со резултат 27-27 во плеј-аутот од Првата лига.

Иако на полувреме Текстилец имаше предност од 13-11, но на крајот Овче Поле се избори за реми.

Најефикасен во тимот на Овче Поле беше Стојанче Ристов со осум гола, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Филип Џинес со девет гола.

(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести