Овче Поле се радуваше на победа против Преспа Вардар

Екипата на Овче Поле забележа победа против екипата на Преспа Вардар со 33-30 во натпревар од плеј-аутот од Првата лига.

Тимот на Овче Поле од почетокот на натпреварот го имаше водството, па на крај се радуваше на победа против Преспа Вардар.

Црвен картон поради три исклучувања заработи ракометарот на Преспа Вардар, Александар Филиповски.

Најефикасен во редовите на Овче Поле беше Димитар Минов со осум гола, додека кај екипата на Преспа Вардар најефикасен беше Мартин Мазниковски со седум гола.

(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести