Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет во неизвесен финиш ја совладаа екипата на Стружанка со резултат 23-22.
Првото полувреме почна со водство на Овче Поле Славјански Универзитет, па на пауза тимот од Свети Николе имаше предност од 12-10. Во второто полувреме Стружанка успеа да го преземи водството, но на крај тимот од Свети Николе направи пресврт и успеа да слави против тимот од Струга.
Најефикасна во екипата на Овче Поле Славјански Универзитет беше Анастасија Сентовска со седум гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Магдалена Делиоска исто така со седум гола.
(фото-ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷