Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет забележаа победа против екипата на Кузман Вардар со убедливи 32-19 во плеј-аутот во Супер лигата.
Тимот од Свети Николе на полувреме имаше 15-9. Во второто полувреме Овче Поле Славјански Универзитет ја зголеми предноста, за на крај да се радува на победа против Кузман Вардар.
Најефикасна во екипата на Овче Поле Славјански Универзитет Стефанија Павловска со седум погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Анастасија Ѓорѓиева со осум погодоци.
(фото-ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷