Овче Поле Славјански Универзитет го совлада Шампион и го освои првото место во плеј-аутот

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет го совладаа тимот на Шампион со резултат 28-32 и го освоија првото место на табелата во плеј-аутот во Женската Супер лига.

На полувреме беше нерешено 17-17. Во вториот дел од натпреварот екипата на Овче Поле Славјански Универзитет направи добра серија за на крај да го совлада Шампион.

Најефикасна во екипата на Овче Поле Славјански Универзитет беше Диана Димова со 11 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Сара Трајков исто така со 11 погодоци.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести