Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа против Гевгелија

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа против екипата на Гевгелија со резултат 23-18 во натпревар од Женската Супер лига.

Иако на полувреме Гевгелија имаше водство од 9-7, сепак на крај бодовите ги однесе тимот на Овче Поле Славјански Универзитет.

Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Мартина Вучевска со шест гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Елена Димова со девет гола.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *