Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа висока победа против составот на Шампион со убедливи 41-13 во Женската Прва лига.
Составот на Овче Поле Славјански Универзитет победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 26-6.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Анастасија Сентовска со 12 гола, додека кај Шампион најефикасна беше Јована Васовска со шест гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷








