Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет забележаа победа против Гевгелија на домашен терен со конечни 29-22 во плеј-аутот во Супер лигата.
Гевгелија во првото полувреме одигра добро, и на полувреме имаше предност од 13-15. Во второто полувреме Овче Поле Славјански Универзитет ја презеде контролата на играта и успеа да слави победа против Гевгелија.
Најефикасна во екипата на Овче Поле Славјански Универзитет беше Стефанија Павловска со седум погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Драгица Митрова со девет погодоци.
(фото-ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷