Овче Поле Славјански Универзитет рутински против Феникс АМС

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет остварија победа против Феникс АМС со убедливи 38-29 во натпревар од плеј-аут во Супер лигата.

Домашната екипа на полувреме имаше водство од 17-10. Во вториот дел Овче Поле Славјански рутински си ја одработи задачата и го совлада Феникс АМС.

Најефикасна во екипата на Овче Поле Славјански Универзитет беше Елена Вучевска со десет погодоци, додека кај екипата на Феникс АМС најефикасна беше Емилијана Ризоска со 14 погодоци.

(фото-ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.