Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа на гостувањето кај екипата на Деспина со минимални 23-22 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Составот од Свети Николе и на полувреме имаше минимално водство со резултат 11-10. Во второто полувреме беше неизвесно, но на крај тимот на Овче Поле Славјански Универзитет успеа да слави против Деспина.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Анастасија Сентовска со осум гола, додека кај Деспина најефикасни беа Маја Ристеска, Сања Цветкоска, Мери Гичева и Евгенија Цаневска со по три гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷