Овче Поле Славјански Универзитет со победа се враќа од гостувањето кај Стружанка

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа на гостувањето кај екипата на Стружанка со 33-26 во натпревар од Женската Прва лига.

Иако на полувреме беше нерешено со резултат 14-14, сепак во второто полувреме Овче Поле Славјански Универзитет со добра игра славеше против Стружанка.

Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Елена Вучевска со 13 гола, додека кај Стружанка најефикасни беа Маја Раткушиноска и Теодора Маркоска со по 6 гола.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *