Овче Поле Славјански Универзитет триумфираше против Деспина

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со пресврт триумфираа против екипата на Деспина со конечни 21-19 во Женската Супер лига.

На полувреме екипата на Деспина имаше водство од 12-8. Во второто полувреме тимот од Свети Николе направи целосен пресврт, за на крај да слави против тимот од Прилеп.

Најефикасна во тимот на Овче Поле Славјански Универзитет беше Елена Вучевска со седум гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Михаела Петреска исто така со седум гола.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести