Овче Поле Славјански Универзитет триумфираше против Астибо

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет триумфираше против составот на Астибо со резултат 32-30 во Женската Супер лига.

Тимот од Свети Николе го презеде водството, и на полувреме замина со висока предност од 16-9. Во второто полувреме Астибо се обидуваше да се врати, но сепак на крај загуби од Овче Поле Славјански Универзитет.

Најдобар стрелец во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Јована Конева со осум гола, додека кај екипата на Астибо најдобар стрелец беше Марија Анчева со 13 гола.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести