Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа против екипата на Ѓорче Петров 2 со резултат 27-20 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Иако на полувреме беше нерешено со резултат 11-11, сепак во второто полувреме со добра игра Овче Поле Славјански Универзитет славеше против Ѓорче Петров 2.
Најефикасни во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беа Јована Ангеловска и Јована Конева со по седум гола, додека кај Ѓорче Петров 2 најефикасна беше Кристина Наумовска со осум гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷