Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа против екипата на Шампион со 28-19 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет во текот на целиот натпревар беа во водство, па на крај да го совладаат тимот на Шампион.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Анастасија Сентовска со 12 гола, додека кај Шампион најефикасна беше Мила Филипова со шест гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷