Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа против екипата на Деспина со конечни 29-22 во Женската Прва лига.
Иако тимот на Деспина парираше во поголемиот дел од натпреварот, сепак на крај Овче Поле Славјански Универзитет се радуваше на победа.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Анастасија Сентовска со десет гола, додека кај Деспина најефикасна беше Мери Гичева со шест гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷








