Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет ја надигра екипата на Гевгелија, откако славеше со 30-20 во Женската Супер лига.
Тимот од Свети Николе и на полувреме имаше предност од 16-10. Во второто полувреме беше заверена победата против Гевгелија.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Анастасија Сентовска со 14 погодоци, додека кај Гевгелија најефикасна беше Елена Димова со 10 погодоци.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷