Екипата на Овче Поле забележа победа на гостувањето кај екипата на Скопје 2020 со минимални 30-29 во плеј-офот од Првата лига.
Иако тимот на Овче Поле на полувреме имаше водство од 17-13, сепак во второто полувреме беше неизвесно, но на крај се радуваше на победа против Скопје 2020.
Најефикасен во редовите на Овче Поле беше Стојанче Ристов со осум гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Дион Земон со девет гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷