Одредени се судиите за двата натпревари помеѓу Македонија и Чешка

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди арбитрите за двата натпревари помеѓу Македонија и Чешка.

На првиот натпревар кој ќе се одигра во Злин ќе судаат турските судии Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз, а за делегат на натпреварот ќе биде Балаж Сос од Унгарија.

За вториот натпревар кој ќе се одигра во Скопје ќе судаат португалските судии Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека, додека делегат ќе биде италијанецот Марко Треспиди.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.