Одредени се датумите и саатниците за осминафиналните дуели од ЕХФ Лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар 1961 и Веспрем.
Првиот натпревар се игра во Скопје во СЦ “Јане Сандански” на 31 март во 20:45 часот, а вториот натпревар е на гостински терен и ќе се игра на 6 април во “Веспрем Арена” во Унгарија со почеток од 18:45 часот. Победникот од овие два натпревари ќе игра со екипата на Алборг.

(фото-Рк Вардар 1961)📷