Од Еурофарм Пелистер најмногу репрезентативци на Европското првенство во Германија

Еурофарм Пелистер ќе биде репрезентиран со девет ракометари на Европското првенство во Германија.

Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски и Ненад Костески во дресот на македонската репрезентација, Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ во дресот на српскиот национален тим и Урбан Лесјак и Нејц Цехте како дел од словенечката селекција ќе го претставуваат клубот на големата сцена.

Еурофарм Пелистер е македонски и балкански клуб со најмногу претставници на Европското првенство и еден од клубовите со најмногу ракометари на шампионатот од целиот континент.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести