Ракометната федерација на Македонија (РФМ) од петок 02.05.2025 година ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот меѓу Македонија и Литванија.
Продажбата на влезници за натпреварот започнува во петок на 02.05.2025 година во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажните цени на влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Литванија се по цена од 200 и 300 денари.

(фото – РФМ)📷