Од среда во продажба билетите за Купот на Македонија

Картите за Ф4 турнирот од Купот на Македонија ќе бидат пуштени во продажба од среда 12 часот кај Аждер и на билетарата при СРЦ „Билјанини Извори“ од 18 до 20 часот секој ден.

Цена на карта за полуфинален натпревар на Рк Вардар 1961 – Рк Алкалоид е 200 денари. Цена на карта за полуфинален натпревар на ГРК Охрид – Рк Еурофарм Пелистер е 200 денари.

Цена на карта за двата полуфинални натпревари е 300 денари. Цена на карта за финалниот натпревар е 300 денари.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *