Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува дерби натпревар против екипата на Алкалоид во 3. коло од плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека од утре ќе стартува продажбата на билетите за овој натпревар.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се одигра на 13 април во недела со почеток од 18:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷