Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува со натпреварите во плеј-офот од Супер лигата, каде на домашен терен ќе го пречека составот на Вардар.
Од Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објавија дека од утре од 13:30 часот ќе бидат пуштени во продажба билетите за дербито со Вардар.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра на 15 март со почеток од 19:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








