Ракометниот сојуз на Швајцарија објави дека Енди Шмид од летото 2024 година ќе ја преземе функцијата селектор на швајцарската сениорска репрезентација.
Енди Шмид, ќе ја преземе функцијата селектор по завршувањето на кариерата во летото 2024 година, а со тоа и целокупната спортска одговорност во швајцарскиот натпреварувачки ракомет за мажи. Роденецот од Луцерн ќе добие договор до и вклучувајќи го домашното Европско првенство во 2028 година.

(фото – Ракометна Федерација на Швајцарија)📷