Од 21 до 24 август 2025 година ќе се одржи 10. јубилејно издание на Меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”, во Прилеп.
На овој турнир учество ќе земат екипи од Македонија и од странство. За екипите кои ќе учествуваат и распоредот на натпревари ќе се објави во следниот период.
“Почитувани љубители на ракометот со задоволство ви го најавуваме 10. јубилејно издание на Меѓународниот Меморијален турнир “Миле Нешкоски” кое ќе се одржи од 21 до 24 август 2025 година. На овој турнир учество ќе земат екипи од Македонија и од странство. За екипите кои ќе учествуваат и распоредот на натпревари ќе ве известиме наскоро”, – стои на официјалната страница на турнирот “Миле Нешкоски’.
(фото – Фејсбук/Меѓународен меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски”)📷