Тренерот на Вајперс Кристиансанд, од следната сезона ќе има нов предизвик во својата тренерска кариера.
Гјекстад потпиша договор со екипата на Оденсе, соработката е на три сезони. Тој има работено и во женскиот тим на Ларвик и машкиот тим на Драмен.
„Оденсе е врвен клуб кој многу се развиваше во последните години. Тоа е многу возбудлив тим на играчи кои, и на краток и на долг рок, го имаат нивото. Ова се два параметри кои беа навистина важни“, – изјави тренерот Оле Густав Гјекстад.
(фото – ЖРК Оденсе)📷