Екипата на Охрид ја очекува два натпревари на домашен терен против екипата на Баку од Азербејџан во 2. коло од Европскиот Куп.
За овие два натпревари своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Ориол Реј Моралес, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат на двата натпревари.
“Пред нас се два исклучително важни натпревари за продолжување на настапот во ЕХФ Европскиот Куп. Противникот го гледавме на видео, но не знаеме многу за него бидејќи досега не сме играле меѓусебно. Треба да сме фокусирани и да дадеме 100% од себе за да се пласираме во наредната фаза”, – изјави ракометарот на Охрид, Ориол Реј Моралес.

(фото – ГРК Охрид)📷








