Оскар Бергендал до крајот на сезоната во Магдебург

Кружниот напаѓач на Штутгарт и шведски репрезентативец, Оскар Бергендал, до крајот на сезоната ќе настапува за Магдебург.

Бергендал кариерата ја започна во Аранас, па играше за Алингсас, потоа замина за ГОГ Гудме, и се пресели во Штутгарт.

„Многу сум благодарен што работите функционираа толку добро и толку брзо меѓу двата клуба. Магдебург има одличен тим и среќен сум што сега сум дел од него. Би сакал да дадам свој придонес за заедно да донесеме повеќе титули во Магдебург“, – изјави Оскар Бергендал.

(фото – Рк Магдебург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести