Натпреварот помеѓу Вардар 1961 и Мешков Брест кој требаше да се одигра во Белорусија во салата “Викторија” нема да се одигра.
Поради воениот конфликт помеѓу Русија и Украина од ЕХФ најавија дека е одолжен овој натпревар.
“Европската ракометна федерација ги извести клубовите дека сегашната ситуација и развојот во овие денови не го прават остварливо овој натпревар да се игра според планираното. Во процедура усогласена со претходните одлуки за натпреварите во наредната недела и со цел да се заштитат сите инволвирани страни и да се обезбеди интегритетот на натпреварувањето, ЕХФ дојде до заклучок да го откаже натпреварот“, се вели во информацијата упатена на клубот.
За следните чекори во врска со овој натпревар ЕХФ ќе има информација во следниот период.

(фото-Рк Вардар 1961)📷