Откажан натпреварот помеѓу Македонија и Израел, поради позитивни случаи кај противникот

Натпреварот помеѓу Македонија и Израел кој требаше да се одигра вечерва во 18:00 часот во СЦ “Борис Трајковски” е откажан поради позитивни случаи кај Израел.

Во репрезентацијата на Израел имало тројца позитивни, додека кај Македонија на тестовите сите излегоја негативни.

Македонија останува со три одиграни пријателски натпревари два пати против Кувајт во Маврово, и еднаш против Израел во Скопје, на сите натпревари Македонија извојува победа. Подготовките и понатаму ќе продолжат.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.