Екипата на Металург Автокоманда, која во новата сезона влегува со зголемени амбиции, полека го финализира тимот и во своите редови донесе млада ракометарка.
Станува збор за младата ракометарка Исидора Котевска. Котевска настапува на позицијата среден бек, а досега има настапувано за екипите на Деспина и Ѓорче Петров.
Исто така настапува и за кадетската репрезентација на Македонија. Порталот МК Ракомет уште вчера го најави овој трансфер, кој денеска официјално се реализира.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷