Ракометниот Клуб Металург е исфрлен од Супер лигата, и е префрлен во Првата лига. Сите играчи што се останати се префрлени во екипата на Металург РА.
„Согласно Пропозициите на Ракометна Федерација на Македонија за Супер машката ракометна лига за натпреварувачка сезона 2021/2022, со Член 13 став 4 и 5 е предвидено дека секоја екипа е должна да пријави листа со минимум 16 и максимум 35 ракометари со валиден лекарски преглед со цел да добијат лиценца и да бидат внесени во системот на играчи, во спротивно екипата нема да биде вклучена во системот на натпревари.
Листата заедно со лекарскиот преглед треба да се достави до РФМ најдоцна 14 дена пред почетокот на есенскиот дел и 14 дена пред почетокот на пролетниот дел на натпреварувањето.
По извршениот увид во доставената документација Комисијата за регистрација и лиценцирање заедно со Комесарот за натпревари утврдија дека ракометниот клуб РК Металург АД не ги исполнува условите за учество во системот на натпреварување при РФМ“, се вели во соопштението од РФМ.
(фото-Рк Металург)📷