ОФИЦИЈАЛНО: Урош Борзаш е нов член на Еурофарм Пелистер (ФОТО+ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Урош Борзаш е нов член на Еурофарм Пелистер, откако стави потпис на двегодишен договор.

23-годишниот Борзаш е еден од најперспективните леви бекови на континентот, редовен учесник во европските клупски натпреварувања на ЕХФ и член на селекцијата на Србија која рапидно се качува кон европскиот врв. Урош доаѓа во Битола од Норвешка, каде во последните две сезони го носеше дресот на Елверум и редовно играше во Лигата на шампионите.

Минатата сезона постигна 49 гола во четиринаесет натпревари во групниот сегмент на Лигата на шампионите за норвешкиот клуб. Борзаш е висок 198 сантиметри, а тежок 101 килограм.

Новото засилување на Еурофарм Пелистер е роден во Сента, има српско и унгарско државјанство, а негов матичен клуб е големиот Веспрем. Борзаш го носеше дресот и на Татабања, Тулуз во Франција и норвешки Елверум.

(фото/видео – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести