Официјално: Филип Миркуловски ќе биде асистент тренер во Вецлар!

Македонскиот ракометар и среден бек на крајот од сезоната заминува во пензија и ќе биде асистент тренер во составот на Вецлар.

Тој ќе му биде асистент на тренерот Бен Матшке кој го продолжи договорот со Вецлар до 2025 година.

„Среќен сум што останувам како помошен тренер во Вецлар и по мојата играчка кариера. Благодарен сум на клупските челници што ми дадоа шанса да се развијам како тренер. Исто така, многу се радувам на уште поинтензивна соработка со Бен Матшке. Во наредната сезона ќе ја имаме една од најмладите екипи во Бундеслигата. Чест ми е што можам да им го пренесам моето искуство и ракометното знаење на играчите”, – изјави Филип Миркуловски.

(фото – Рк Вецлар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести