Градскиот ракометен клуб Охрид денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2025/26, во која клубот влегува мотивирано со сериозни амбиции.
Започнува миниум тригодишниот проект кој го предводи тренерот Борис Ројевиќ. Стручниот штаб на првиот тренинг ги имаше на располагање сите ракометари (освен повредениот Теимураз Орјоникидзе кој рехабилитацијата ја одработува во Грузија).
Базичните подготовки ќе се одвиваат во Охрид, градот има одлични услови за тоа. Тимот ќе учествува на “Струшкиот Турнир” од 13-16 август и ќе одигра три натпревари, потоа следи Меѓународниот Турнир “Крсте Андоновски” каде ќе одигра четири натпревари.
(фото – ГРК Охрид)📷