Охрид ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната (ФОТО)

Ракометарите на Охрид по кратката пауза за новогодишните празници, вчера ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во кој “гладијаторите” ќе настапуваат во разигрувањето за шампионската титула и местата кои водат во Европа.

До 17 јануари екипата ќе тренира во Охрид, по што заминува за Атина каде на 19, 20 и 21 јануари ќе одигра три контролни натпревари со Дукас, Олимпијакос и АЕК Атина.

На 22 јануари екипата се враќа во Охрид од каде ќе отпатува за Србија каде, исто така, предвидени се неколку подготвителни натпревари.

На 23 јануари Охрид во Шабац ќе се сретне со Металопластика, на 25 ќе игра со Динамо Панчево, по што ќе настапи на турнирот во Врбас, каде освен домаќинот ќе играат уште и силната Војводина и Црвена Звезда.

Пред враќањето дома Охрид во Србија ќе одигра уште еден контролен натпревар со Дубочица.

Тренерот Стевче Алушовски на стартот од подготовките на располагање ги има сите играчи, освен интернационалците Хироки Матсуока кој настапува за Јапонија на Азиските игри и ќе му се придружи на тимот во Србија, како и Грузиецот Теимураз Орјоникидѕе кој на екипата ќе и се приклучи по завршување на настапот на претстојното Европско првенство.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.