Охрид ги продолжи договорите со Иван Тасески, Никола Шипинкоски, Гал Цирар, Владимир Бојаниќ и Милорад Кукоски

Покрај ангажман на нови засилувања, тимот на Охрид го продолжи договорот со петмина стандардни играчи, кои се обврзаа на верност кон клубот до 2026 година, со што продолжува градењето на силна екипа која ќе цели високо.

Нови договори потпишаа Иван Тасески, Владимир Бојаниќ, Никола Шипинкоски, Гал Цирар и Милорад Кукоски, кои остануваат во Охрид до 2026 година.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.