Екипата на Охрид, која има високи амбиции за следната сезона, покрај нов тренер се засили и со неколку ракометари.
За новата сезона клубот до сега ангажираше вкупно осум засилувања, четворицата македонски репрезентативци, голманот Даниел Ѓорѓески, левото крило Гоце Ојлески, десното крило Никола Стоилевски и специјалистот за одбрана Милорад Кукоски, и голманот Бобан Ристевски.
Дресот на Охрид ќе го носат и младиот босански репрезентативен голман Берин Бркиќ, грузиецот Теимураз Орјоникидзе, како и хрватскиот интернационалец Рудолф Звонимир Сафранко.

(фото – ГРК Охрид)📷