Ракометарите на Охрид триумфираа во “езерското дерби” против Струга со конечен резултат од 31-24 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Охрид од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Струга.
Најефикасни во редовите на Охрид беа Гал Цирар и Теимураз Орјоникидзе со по шест гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Мерис Бошњак со 13 погодоци.
(фото – ГРК Охрид)📷