Охрид го потпиша десниот бек Луцијан Бура

Дваесет и шест годишниот десен бек Луцијан Бура е најновото засилување на екипата на Охрид.

Хрватскиот интернационалец во Охрид доаѓа од Унгарското првенство, каде настапуваше во екипата на Ѓенѓеш. Претходно играл и во Добова, Умаг и Горица.

“Доаѓањето во Охрид за мене значи отворање нова страница во кариерата. Исклучително сум среќен што ќе имам можност да играм во Македонската лига која, според мое мислење, има високо ниво на квалитет, со можност за настап во европските натпреварувања. Верувам дека во ГРК Охрид ќе имам можност да ги развивам моите играчки способности, како и дека ќе постигнеме што подобри резултати како во домашното првенство, така и во Европа”, – изјави новото засилување на ГРК Охрид, Луцијан Бура.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести