ГРК Охрид на пригоден настан што се одржа синоќа на бродот „Армада“, го претстави тимот за сезоната 2025/26.
За амбициите на охридскиот суперлигаш во новата сезона зборуваа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ и капитенот Гоце Ојлески.
Градот заедно со спонзорите и помагателите ветува силна поддршка и врвни услови за работа, потенцира Пецаков. Од стручниот штаб истакнаа дека се свесни за високите очекувања и најавија силна работа за остварување на целите, а капитенот ја потенцира сплотеноста и добрата енергија помеѓу играчите кои се подготвени да дадат се да се исполнат амбициите – да се нападне ракометниот врв во домашното првенство и да се оди што е можно подалеку во Европа.
На промоцијата присуствуваше легендарниот ракометен тренер Лино Червар кој на ГРК Охрид му посака успешна сезона.
Во знак на благодарност ГРК Охрид на спонзорите и помагателите им врачи признанија кои ги додели спортскиот директор на клубот Славчо Ристески.
(фото – ГРК Охрид)📷