Охрид го промовираше Џанфранко Прибетиќ (ФОТО)

Хрватскиот репрезентативен пивот Џанфранко Прибетиќ потпиша со Охрид до 2028 година. Прибетиќ доаѓа од најсилната ракометна лига во светот, има 25 години (196цм).

Штутгарт и Нексе се неговите претходни екипи каде што настапувал, а има и настапи за репрезентацијата на Хрватска.

“Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за градот и ми претставува особена чест што сум тука. Се радувам на работата со нова екипа и нови предизвици кои не очекуваат во оваа полусезона и верувам дека ќе ги оствариме заедно со навивачите. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот”, – изјави Прибетиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *