Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер со 31:26 во финалето на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, што се одигра вечерва во прекрасен амбиент во исполнетата спортска сала „Билјанини Извори“.
Во натпреварот за 3. место, односно за бронзата тимот на Нексе славеше победа против Вардар со 28-26.
Тимот на Партизан го освои 5. место, откако триумфираше против Тримо Требње со конечни 33-30.
Натпреварот за 7. место го доби тимот на Динамо Панчево, откако беше подобар од тимот на Киндил Торшавн со 28-24.

(фото – ГРК Охрид)📷