Екипата на Охрид забележа победа и на вториот натпревар против Олимпијакос со минимални 25-24 и обезбеди пласман во полуфиналето од Европскиот Куп.
Иако составот на Олимпијакос парираше, сепак на крај Охрид забележа победа за пласман во полуфиналето.
Најефикасни во составот на Охрид беа Анте Иванковиќ со осум гола и Томислав Јагуриновски со четири гола.

(фото – ГРК Охрид)📷








