Екипата на Охрид го совлада тимот на Тиквеш со 29-24 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.

Тимот на Охрид и на полувреме имаше водство од 16-11. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Охрид, па на крај да слави победа против Тиквеш.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Гоце Ојлески со осум гола, додека кај екипата на Тиквеш најефикасни беа Кристијан Анастасовски и Срѓан Мијатовиќ со по седум гола.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.